Русские видео

Сейчас в тренде

Иностранные видео


Скачать с ютуб Синото срце на Европа в хорошем качестве

Синото срце на Европа 1 год назад


Если кнопки скачивания не загрузились НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу страницы.
Спасибо за использование сервиса savevideohd.ru



Синото срце на Европа

Немање целосни анализи со оценка на влијанието врз животната средина, мештани кои дознаваат дека во нивното село ќе се гради мала хидроцентрала кога ќе пристигне багерот и градење во заштитени подрачја во македонските планини - ова е сликата за производството на македонската зелена енергија. Тајноста на процесот на давање лиценци беше и е проблем не само за локалното население, туку и за националните и меѓународните невладини организации, како Bankwatch, кои успеаја да ги убедат меѓународните финансиски институции да се повлечат од проектите и да не инвестираат во нови, бидејќи малите хидроелектрани често се градат или се планираат да се градат во заштитени подрачја. Земјава има 125 мали хидроцентрали, а 90 од нив спаѓаат во групата на повластени производители. Некои од нив се во сопственост на политичари или нивни роднини. Државниот завод за ревизија пред неполни две години утврди дека дел од малите хидроцентрали имаат долг кон државниот буџет од 22,8 милиони денари, што е 41 отсто од сумата што треба да ја платат малите хидроцентрали. Институциите дадоа неконкретен одговор, велејќи дека е платен дел од долгот без да се прецизира висината. Ревизорите утврдиле и дека малите хидроцентрали користеле вода без водно право одреден период. Владата во иднина нема да издава нови дозволи за изградба на мали хидроцентрали, бидејќи сака да учи од грешките и да го слуша локалното население. По 35 години од нивната градба тие ќе бидат државна сопственост. Поради климатските промени е нејасно колку вода ќе остане за нивна употреба. Истражувањето и изработката на овој материјал се поддржани од ‪@journalismfundeurope‬.

Comments