У нас вы можете посмотреть бесплатно КАВАДАРЦИ БИСЕРОТ НА ТИКВЕШИЈАТА град на виното, музиката и традицијата "Kavadarci & mit Anastasija" или скачать в максимальном доступном качестве, которое было загружено на ютуб. Для скачивания выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса savevideohd.ru
Ова видео е за градот Кавадарци кој се наоѓа во централниот дел на Македонија. Кавадарци е град на грозјето, а тоа значи град на виното и ракијата. Нашата приказна започна од градскиот парк пред „Спомен Костурница“. Бевме и во „Винскиот музеј“ во кој има навистина со што да се пофали и е единствен таков музеј во Македонија. Го посетивме споменикот на „Димче Мирчев и Киро Крстев“. Овој споменик го има направено мојот прадедо Томе Андреевски. Во Музејот на градот Кавадарци т.e. „Музеј на мирис и вкус“ навистина имаше што да се види и слушне. Во него има Артефакти кои се стари и по неколку илјада години, има предмети кои го прикажуваат животот пред неколку стотина години. Таму е и спомен собата на Никола Бадев и Васил Хаџиманов. Посетив и една мала семејна винарска визба „Попови“ во која видов како се промовира винскиот туризам. Од таму се упативме кон „Музеј Галерија“ на Кавадарци за да ја слушнам приказната за Кемал Ататурк. Навистина интересна приказна. Скоро секој град во Македонија има река, па така и овј град има своја река која се вика „Луда Мара“. Интересно име, но на жалост тоа име има тажна приказна. Бев и во „спомен куќата на Страшо Пинџур“, каде научив нешто за неговиот живот и дело. Еден од најтажните настани кои се случиле во градот Кавадарци е стрелањето на дванаесетте млади момчиња од селото Ваташа. Навистина многу жално и тажно минато но споменот за нив секогаш постои тука. Се прошетав и низ центарот на градот Кавадарци каде што морам да нагласам дека хигиената во овој град е на високо ниво и е подобра од градот Хамбург во кој јас лично живеам. На плоштадот ја слушнав легендата за градот Кавадарци. Од каде го добил името, како во турското време бил еден од позначајните градови во тој регион итн. Дознав дека во септември секоја година се оддржува најголемиот настан. Каде има многу забава, маски, музика, вино и др.а тоа е „Тиквешкиот гроздобер“. Ја видов и најстарата винова лоза во Македонија која е стара повеќе од 100 години. Во Кавадарци се наоѓа најголемата винарска визба во Југоистична Европа а тоа е винарската визба „Тиквеш“. Знам дека има уште многу места кои не успеав да ги посетам и да ги вметнам во ова видео, но затоа Кавадарци ветувам ќе го посетам повторно. Ако ви се допадна ова видео ве молам да ставите еден голем лајк „Like“ да пишете во коментар што ви се допадна. Ако сеуште не сте се претплатиле на мојот канал ве молам направете го сега тоа затоа што е бесплатно и мене тоа многу ќе ми значи. Ова видео е снимено на моја сопствена иницијатива со помош на моите родители. Голема благодарност до општина Кавадарци и градот кој логистички ми помогна да го снимам ова видео. Секако благодарност и до градоначалникот Митко Јанчев кој ја препозна мојата идеја и ми дозволи и овозможи да снимам видео за градот Кавадарци. Секако едно големо благодарам и за мојот организатор на видеото и соговорник господинот Крсте Соколов без кој сето ова немаше да се реализира. Ова видео за да се реализира најголема улога има мојот дедо Митко Манчев, благодарност голема за твојата поддршка. Голема благодарност до сите вработени кои беа вклучени во ова видео: Господин Митко Јанчев - градоначалник на општина Кавадарци Господин Тодор Ефремов - општина Кавадарци Господин Крсте Соколов - локален економски развој Господин Томе Крстевски - Локален Музеј Галерија Кавадарци виш кустос Етнолог Госпоѓа Весела Честоева - директор на „Вински Музеј“ Госпоѓа Натка Китева - „спомен куќата на Страшо Пинџур“ кустос историчар Госпоѓа Марија Михова - кустос историчар Господин Гоце Попов- сопственик на „винарија Попови“ тиквешки регион Госпоѓица Кристина - вработена во в.в. - Тиквеш Во видеото користена е музика од: Никола Бадев - Ми заплакало селото Ваташа Никола Бадев - Послушајте патриоти Васил Хаџи Манов - Со маки сум се родил јас Васил Хаџи Манов - болен ми лежи Миле поп Јорданов За ова видео искористено е видеоматеријал од официјалната FB страна на градоначалникот Митко Јанчев општина Кавадарци во следните минути: 40:00 мин. до 41:10 мин. и 50:40 мин. до 51:26 мин. Мај, 2023 година